(ВИДЕО) Заев: Македонија е препознаена како лидер во регионот од аспект на надворешната политика и билатералните прашања

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан истакна дека се работи за респектибилен собир кој оваа година беше посветен на Регионалната економската соработка како суштински дел од интегративните процеси на Европската унија, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите, тема на коа е целосно фокусирана Европската Унија, а со тоа и сите останати европски земји.

„Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место на ова издание на Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Со постигнатиот договор македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство со Грција, како и со датумот за преговори со Европската Унија, нашата земја е препознаена како лидер во регионот од аспект на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото. Начинот на кој нашата земја ги затвори отворените прашања со сите соседи е модел за успешна приказна што ја поздрави целиот демократски свет, и посебно нашите соседи и нашите партнери во Европската Унија“, изјави премиерот Заев по повод учеството на нашата земја на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон.

Премиерот Заев нагласи дека на овој самит дојде до израз уште еднаш определбата на сите земји во регионот да споделуваат европски ставови и вредности во однос на заедничко поврзување и соработка.

„Се договоривме дека нема да го пропуштиме моментот да учествуваме сите заедно во посилна Европа на политички, на економски и на безбедносен план. Владата на Република Македонија е фокусирана да обезбеди и да гарантира стабилна и мотивирачка средина и да биде кредибилен партнер за бизнис иницијативите што се отвораат на овие средби. Нашите следни чекори се насочени кон постигнување на ЕУ стандардите за регионална соработка и за економските политики, соодветно на големиот потенцијал на единствениот пазар на ЕУ. Еден од елемените за мотивирачка средина за бизнис иницијативите е и поканата Република Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО што ја очекуваме за ден-два во Брисел“, потенцираше Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, во изјавата за учеството на владината делегација на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он