СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за да се изберат членови на ДИК, амнестија нема да има

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО.

Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани.

На сите треба да им биде јасно дека амнестија за криминал нема да има.

Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за избори и именувања за да се изберат членови на Државната изборна комисија. Тоа впрочем е предуслов за одржување на референдум за иднината на државата.

Македонија оди напред како модерна, демократска држава пријател на светот и членка на ЕУ и НАТО.

Ниту еден обид на деструктивните сили нема да ја врати државата во времето на изолации, поделби и неизвесност, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он