Грчката политичка партија, СИРИЗА уште еднаш го повтори својот став околу решавањето на проблемот со името со Македонија.
Имено тие се за сложено име со географска одредница за севкупна употреба.
– И ова што го споменувам се однесува во главно на ФИРОМ каде што одредени владини кругови продолжат да си играат со огнот на иредентизмот – вели Рена Дуру.
Ципрас на средбата со претставниците на Стејт департментот ги потенцираше и грчките позиции во однос на прашањето за името.