Речиси целата музичка естрада на погребот на Влатко Илиевски

Од:

Речиси целата музичка естрада денес дојде на градските гробишта во Ѓорче Петров да го испрати поп-пејачот Влатко Илиевски во неговиот вечен дом.

Освен семејството, неговите музички колеги, тука беа и голем број фанови, блиски пријатели, роднини.

Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко.

Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитјан, Дани Димитровски, Џина Папас Џокси, Стефан и Мартин од Некст тајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска беа само дел од оние кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.

Влатко Илиевски завчера беше пронајден мртов околу 23 часот, по анонимниот повик во полиција, во неговиот автомобил „Тојота“ на улицата „Трета македонска бригада“.

Би можело да ве интересира

Објавена колекција хитови на Влатко Илиевски

Жарко Настоски

Во недела ќе биде погребан Влатко Илиевски

Ана Ололовска

Музичари, актери, колеги, пријатели се простуваат од Влатко Илиевски

Ана Ололовска

Весна Петрушевска: Да знаев само дека вчера ова ќе биде последно од тебе…

Ана Ололовска

Обвинителство: Нема траги на насилство кај Влатко Илиевски

Ана Ололовска

Тамара Тодевска со потресен статус се прости од Влатко Илиевски

Ана Ололовска