Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски вчера, околу 23 часот бил пронајден мртов во автомобил во Скопје.
Според информациите 33-годишниот Илиевски бил најден во моторно возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета Македонска бригада“, откако пред 23 часот имало анонимен повик кој го пријавил настанот, потврдуваат од МВР за А1он.
На местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.
Нема информации кои се причините за смртта. Илиевски на втори јули наполни 33 години.
Влатко Илиевски почнал да свири гитара и јавно да настапува по скопските клубови уште од 12-годишна возраст.
Во 2000 година се приклучи на рок бендот „Морал“, а од 2007 продолжи со соло кариера.
Со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена во 2011 година.