Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој се пласираше во третото коло на турнирот во Вимблдон откри дека по испаѓањето на Србија, сака Хрватска да го освои шампионатот во Русија.
Тој за српските медиуми изјави дека има многу пријатели меѓу фудбалерите на Хрватска и дека нема дилема кој е неговиот фаворите во натпреварот со Русија.
– Го следам Светското првенство, но помалку откако испадна Србија. Навивам за Хрватска, не знам кој е фаворите, но знам кого сакам да го видам со пехар во рацете, рече Ѓоковиќ.
Некогашниот прв рекет и претходно, во мечот со Аргентина, на Твитер и даваше поддршка на Хрватска.