Продолжуваат случувањата од овогодинешното „Три круши 2018”. По синоќешниот концерт на Александар Митевски и сетот на ДЈ Фичо, вечерва концерт ќе одржи Дани Димитровска со својот бенд.
Општина Кисела Вода ги поканува сите љубители на македонската забавна музика на Три круши. Влезот е бесплатен, а настанот започнува во 20 часот.
Доколку дозволат временските услови, за утревечер, во истиот термин и нa истата локација, е закажан концертот на Миле Кузмановски.