Кабинет на Иванов: Претседателот не го прифаќа Договорот со Грција

Од:

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска ги демантираа тврдењата на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ дека шефот на државата ќе го поддржи Договорот со Грција.

Во соопштението се истакнува дека ставот на претседателот Иванов е непроменет и оти нема да го поколебаат, како што се вели, никакви притисоци, уцени и закани.

– Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска