Околу 1.500 крвни единици собрани во првите шест месеци од годината во Куманово

Од:

Вкупно 1.527 крвни единици дарувале кумановци, во првата половина од годината, во 24 крводарителски акции, кои ги организираше Црвениот Крст, информираа денеска надлежните од организацијата.

Оваа бројка на крводарувања е зголемена во однос на истиот период од лани за 114 крвни единици.

– Задоволни сме од бројот крводарувањата во првата половина од годинава, особено ако се спореди со периодот дод претходните пет – шест години кога бројот на собрани единици се движеше во првата половина околу 1000 крви единици, изјави Ива Младеновска, стручен соработник за крводарителство, прва помош и здравствена превентивна дејност од општинската организација на Црвениот Крст.

Првата половина од годинава благ пораст на бројот на крводарувања се забележува меѓу граѓански организации и приватни компании кои почнаа да организираат акции.

На одделението за трансфузиона медицина во Куманово при општата болница според информациите на кумановскиот Црвен Крст, најчесто крв даруваат редовните крводарители.

Граѓаните се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што според Младеновска се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите.

До крајот на годинава планирано е да се одржат уште дваесетина акции, а во текот на летниот период ќе бидат организирани и две вонредни акции во јули и август.

Меѓу редовните крводарителски акции планирано е да се одржат акции со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе