Пекинг најави контрамерки за санкциите од САД

Од:

Кина денеска соопшти дека е „целосно подготвена“ за трговска војна со САД. Царините што ги воведе Вашингтон за стока од Кина ќе стапат на сила во петок, а Пекинг најави контрамерки.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг изјави дека Кина е „целосно подготвена за пакет неопходни мерки“ за да ги зачува своите национални интереси.

– Се надеваме дека Соединетите Американски Држави ќе ги обезбедат условите за лојална конкуренција за инвестициите и работењето на кинеските компании во САД и ќе придонесат за взаемна доверба, рече Канг.

Меѓу американските компании кои можат да бидат погодени од контрамерките најавени од Кина се оние кои се занимаваат со производство на соја и виски, како и производителите на автомобили, како што се „Форд“ и „Тесла“.

За време на предизборната кампања, американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна Кина, обвинувајќи ја за нефер трговско работење, како што се манипулации со валути. Тој рече дека неговата администрација, ако Кина не го промени своето однесување, ќе наметне казни за кинеската стока. Минатата година побара да се испита дали увозот на челик и алуминиум претставуваат закана за националната безбедност, по што Министерството за трговија на САД во февруари предложи воведување тарифи или квоти за увоз на метални производи.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии