Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Од:

Со дефиле на учесниците низ централното градско подрачје и целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ вечер во Охрид ќе биде отворено годинешното 57. издание на Бaлканскиот фестивал на народни песни и игри.

На фестивалската сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во текот на четирите фестивалски дена ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Во рамки на Балканскиот фестивал во изложбениот центар на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на влашки народни носии од колекцијата на доц. м-р Ванѓа Димитријева – Кузманоска.

Фестивалот традиционално се одржува под покровителство на Собранието, со поддршка на Министерството за култура. Влезот за сите фестивалски содржини е слободен.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска