Најмалку 16 лица загинаа, а девет се водат како исчезнати во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови на индонезискиот остров Суматра. Во лизгање на земјиштето во дистриктот Агам во провинцијата Западна Суматра загинаа 11 лица, меѓу кои три деца. Земјата затрупа 15 куќи. Во лизгање на земјиштето во дистриктот Керинци, провинција Јамби, загинаа петмина работници.
Поплавите и свлечиштата се честа појава во Индонезија поради обилните дождови. Во поплавите на почетокот од месецот во Џакарта загинаа 32 лица, а 46.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.