Амбасадорот Герет на проштална средба со вицепремиерот Османи

Од:

Македонија и Велика Британија остварија соработка во голем број области, и најмалку што очекувам е оваа соработка да продолжи и во иднина, а се надевам, и да се продлабочи, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со британскиот амбасадор Чарлс Герет по повод завршувањето на неговиот мандат.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Османи изразил искрена благодарност за целиот ангажман и посветеност, особено за упорноста на Герет да помогне во надминувањето на длабоката политичка и институционална криза, а потоа и во враќањето на Македонија на евроатлантскиот пат, кој, наведува, не доведе до поканата за членство во НАТО, и до датум за почеток на преговори со ЕУ.

Османа посочил и на постигнатиот напредок во соработката во различни области како: поддршка на реформите во македонската администрација, образованието, во правосудниот систем, демократијата и социјалната кохезија, реформи во безбедносниот систем итн.

Вицепремиерот изразил благодарност до Велика Британија, која, како што се посочува, и покрај сложените сопствени предизвиците околу процесот БРЕГЗИТ, сепак останува силен поддржуваш на политиката на проширување на ЕУ, која ја смета како гарант за стабилноста и безбедноста на Европа во целина.

– За неполна недела, Лондон ќе биде домаќин на земјите од Западниот Балкан, кои заедно со претставниците на ЕУ, како дел од т.н. Берлински процес, ќе ја реафирмираат својата евроатлантска ориентација, ќе ги разгледаат предизвиците за унапредувањето на меѓусебната соработка, и ќе ги отворат можностите за побрза интеграција на Западниот Балкан во Европската унија, посочил Османи, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма