Службата за дезинскеција, дератизација и дезинфекција од Куманово со засилени активности во летниот период

Од:

Службата за дезинсекција, дезинфекеција и дератизација ги интензивира активностите во летниот период, соопштија денеска епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово.

Од Центарот информираат дека домаќинствата во текот на летниот период, но и станбените домари се почесто бараат дезинскеција, дезинфекција и дератизација на објектите.

– Во текот на летниот период засилена е работата на оваа служба која врши третмани во јавните установи и институции и домаќинства, изјави денеска раководителот на одделението за епидемиолошка дејност, доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Покрај третмани во домаќинствата и станбените единици и јавните установи и институции бараат третмани од стручни лица за дезинфекција, дезинскеција и дератизација во летниот период. Најчесто, информира Стаменковска, во домаќинствата се бара дезинсекција против лебарки, бубашваби и мравки. И објектите каде се подготвува, складира и преработува храна, односно угостителските објкети, како што се ресторани сендвичари, пекарници, бараат зачестени услуги од службата од Центарот за јавно здравје во летниот период.

По завршувањето на варосувањето и уредувањето на објектите во август ќе следи интензивна деизнсекција, дезинфекција и дертаизација на училиштата и градинките во градот.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе