ВМРО-ДПМНЕ: Заев е човекот кој ја уништува Република Македонија

Од:

„Зоран Заев е човекот кој ја уништува Република Македонија, како на меѓународен, така и на домашен план.

Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции. Тој прифати обезличување на сопствената држава и народ, промена на Уставот, идентитетот и јазикот“, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата потпишала штетен договор со Грција, во кој Република Македонија е оштетена страна.

„Додека ја подготвува гилотината за Македонија, Заев ја уништува државата и од внатре. Економијата е на дно повеќе од една година. Нема никаков раст. Индустријата е најниска во регионот и во Европа. Градежништвото е во слободен пад. Граѓаните живеат полошо од пред една година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделието е еден од најпогодените сектори од ураганот наречен СДСМ. Субвенциите се намалени, откупот е слаб, а откупните цени ниски. Родот наместо по пазарите завршува на буништа.

Производителите на лубеница мака мачат со откупот. Откуп нема, иако Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт, откупот не само што ќе биде загарантиран, туку и откупните цени ќе биле повисоки. Заев е цела година на власт, а откупот ниту е загарантиран, ниту откупните цени се повисоки“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата тоне на секој поглед. Заев е крајно неспособен и не знае да ја води државата. Оваа неспособна и ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање