МТСП: Во првите три месеци од пилот програмата „Младинска гаранција“ врабoтени 419 лица

Од:

Во првите три месеци од пилот програмата „Младинска гаранција“, во Скопје, Струмица и Гостивар се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Како што посочуваат, интересот за младинската гаранција е голем, а досега вкупно 1532 лица се вклучиле во програмите.

„Овие резултатие ги надминуваат очекувањата и повеќе од сигурно е дека по завршување на пилот фазата програмата ќе влезе во целосна имплементација“, се вели во соопштението на МТСП.

Младинска гаранција е програма на Владата на Република Македонија, чијашто цел е зголемување на опфатот и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот.

Гаранцијата за млади е отворена за сите млади лица на возраст до 29 години кои се невработени, веќе го завршиле своето образование и не се пријавени во АВРМ. Пријавените добиваат квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие, велат од МТСП, се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Република Македонија е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а започнува со воведување на „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска