Повеќе склучени договори за осигурување имот, цените пониски

Од:

Осигурителните друштва во првиот квартал од годинава оствариле 2,36 милијарди денари бруто полисирана премија забележувајќи раст од 5,17 проценти во однос на тој период лани.

Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека бруто полисираната премија во делот на неживотно осигурување изнесува 2,03 милијарди денари каде растот изнесува 3,39 проценти, кој се должи на порастот на осигурувањето од автомобилска одговорност од 7,21 отсто од 896 милиони денари.

Раст е забележан кај здравственото осигурување од 365,36 проценти со БПП од 69 милиони денари, осигурување од финансиски загуби со пораст од 52,76 отсто со БПП од 20 милиони денари каде е регистриран пад на бројот на склучени договори од 6,99 проценти и пораст на патничкото осигурување од одговорност од 7,17 отсто со БПП 38 милиони денари.

Во овој период намалување е забележано кај осигурувањето на имот од 9,77 проценти со остварена бруто полисирана премија од 484 милиони денари. Покрај намалената премија забележан е пораст на бројот на склучени договори од 6,61 процент.

Ова, според Агенцијата, претставува важен индикатор за високиот степен на конкурентност во осигурителниот сектор и на задоволство на осигурениците зголемениот број на продадени полиси е со пониски цени во однос на претходната година.

Кај физичките лица има пораст од 7,85 проценти на бројот на склучени договори, а бруто полисираната премија е намалена за 12,58 проценти. Бројот на договори кај правните лица бележи зголемување од 8,94 проценти, но истовремено има и намалување на бруто полисираната премија од 9,31 процент.

Кај осигурувањето од незгода е забележан пад од 4,95 проценти со бруто полисирана премија од 211 милиони денари, при истовремен пораст на бројот на склучени договори од 7,25 отсто.

Во делот на неживотно осигурување во првиот квартал се склучени 282.158 договори.

Во делот на осигурување на живот, продолжува двоцифрената стапка на пораст на БПП која во првиот квартал од 2018 година изнесува 17,88 проценти, при што остварената бруто полисираната премија изнесува 326 милиони денари.

Најголемо учество во осигурувањето на живот зазема мешаното осигурување со вкупна БПП од 173 милиони денари, што претставува 53,14 отсто од вкупното осигурување на живот, потоа следува мешаното осигурување со тешко болна состојба со вкупна БПП од 37 милиони денари, што претставува 11,42 отсто од вкупното осигурување на живот, потоа следи ризико осигурување со вкупна БПП од 34 милиони денари, што претставува 10,35 отсто од вкупното осигурување на живот и осигурувањето на живот во случај на доживување со 27 милиони денари, што претставува 8,33 проценти од вкупното осигурување на живот.

Дополнителното осигурување во осигурувањето на живот учествува со БПП од 23 милиони денари, што претставува 6,96 отсто од вкупното осигурување на живот.

Во понудата на производи на осигурување на живот сѐ позастапено е осигурувањето на живот кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, меѓународно познато како unit linked осигурување.

Во првиот квартал склучени се 495 договори, што претставува 13,63 отсто од вкупниот број склучени договори за осигурување на живот во периодот, додека пак вкупната БПП во периодот изнесува 32 милиони денари, што претставува 9,81 отсто од БПП за осигурување на живот во периодот.

Во првиот квартал од годинава осигурителните друштва во Македонија исплателе врупно бруто износ на штети од 929 милиони денари, од кои 870 милиони се во делот на неживотно осигурување и 59 милиони денари осигурување на живот.

Во споредба со тој период лани вкупно бруто исплатените штети бележат пораст од 14,76 отсто.

Осигурителните друштва во Македонија на крајот на првиот квартал на 2018 година имале вкупен капитал од 6,14 милијарди денари, а остварената добивка пред оданочување изнесува 107,7 милиони денари. Кај друштвата за неживотно осигурување, осум имаат остварено добивка во износ од 123,2 милиони денари, а додека три друштва оствариле загуба во износ од 42,5 милиони денари. Кај друштвата за осигурување на живот, четири имаат добивка во износ од 28,9 милиони, а додека едно друштво има остварено загуба во износ од 1,8 милиони денари.

До Агенцијата за супервизија на осигурувњето во првиот квартал се поднесени 38 претстави, најголемиот дел се однесуваат на автоодговорноста.

На осигурителниот пазар во Македонија активно работат 16 друштва.

Би можело да ве интересира

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Катерина Ѓуровски

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Кој е најдобриот систем да бидете подготвени за неочекуваното во Вашиот дом?

Предраг Петровиќ

Соработката помеѓу „МинтИнс“ и „Интердоместик“ ветува позитивно влијание на осигурителниот пазар

Вратени старите цени на осигурувањата за возила, нема одлука дали ќе им се вратат пари на граѓаните кои плаќаа поскапо

A1on

Владата донесе одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април