Основањето регионална депонија за управување со отпад Дебар и го доверува на Владата

Од:

Советот на општина Дебар на денешната осма редовна седница даде согласност за основање регионална депонија и потребната инфраструкутра за југозападниот плански регион, а поради недостиг на финансии тоа и го доверува на Владата.

Според претседателот на Советот, Башким Машкули, главни причини поради кои се пристапило кон донесување на одлуката се проблемите со кои се соочува општината во управувањето со отпадот и неможноста за исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад.

Посочи дека проценувајќи ја својата финансиска состојба, како и потребните финансиски средства за расчистување на непрописните депонии и обврската за собирање и остранување на отпадот, согласно стандардите за животна средина, увиделе дека нема можност за решавање на проблемите.

-Затоа го подржуваме воспоставувањето регионален систем за управување со отпад преку основање регионална депонија и содветна инфраструкутра. Според изработената физибилити студија за управување со отпад за Југозапаниот плански регион утврдено е дека за основање регионален систем потребна е инвестиција во износ од над 39 милиони евра, при што минималните финансии кои општина Дебар треба да ги обезбеди се преку 4 милиони евра, средства со кои општината не располага. Поради тоа со донесената одлука основањето на регионалната депонија и го доверуваме на Владата на Република Македонија, како најдобар начин за брзо решавање на проблемите со управувањето со отпад, изјави Машкули.

На седницата советниците расправаа и околу проблемите со градската депонија, која често е запалена, а канцерогениот чад се шири низ целиот град.

По широката дебата беше заклучено постојната градска депонија да биде соодветно оградена, да се воспостави чуварска служба, да се прошири соработката со полицијата со цел неформалните собирачи кои секојдневно се на депонијата да се отстртанат, како и да се зајакне комуналната инпекција. Беше упатен и апел до граѓаните да бидат посовесни и да не создаваат диви депонии на секаде.

Заклучоците треба да бидат реалзирани од страна на ЈКП „Стандард“ и локалната власт.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион