Крводарителска акција во СВР Куманово

Од:

Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на втората по ред редовна крводарителска акција која се одржува во просториите на кумановската полиција, а ја организира СВР Куманово, во соработка со општинската организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина.

Според одговорните до крајот на акцијата се очекува да бидат дарувани 60 крвни единици.

– Секоја година организираме по три крводарителски акции за вработени во СВР Куманово и организиацискии единици што гравитираат на нашето подрачје. Инаку, вообичаено очекуваме да бидат дарувани 60 единици крв, изјави самостојниот инспектор за сообраќај од отсекот за превенција, Марјан Павличек.

Акциите во кумановската полиција се оддржуваат три пати годишно, во февруари, јуни и октомври.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе