АВМУ со 65 мерки за радиодифузери во вториот квартал, одземена една дозвола

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изминатиот квартал ја одзеде дозволата за работа на Радио Слободна Македонија за неисполнување минимални кадровски услови, а додели дозвола за емитување на Телевизија 3 Скопје од забавен општ формат, на македонски, албански и турски јазик на регионално ниво, како дозвола за музичко – говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Струга.

Пресекот на спроведените надзори и изречените опомени врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, даватели на аудиовизуелни медиумски услуги на барање и издавачите на печатени медиуми ги претстави на втората јавна расправа на АВМУ директорот на оваа институција Зоран Трајчевски.

Во вториот квартал годинава, Агенцијата за констатирани непочитувања на радиодифузерите на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, донела 65 решенија за преземање мерка, од кои поголемиот дел, 42, поради недоставување писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или ТВ емитување.

Трајчевски информираше и дека се донесени мерки за неспроведување на програмскиот концепт, непочитување на правилата за заштита на малолетните лица, неисполнување на квота за изворно создадената програма, необјавување на податоци за сопственичката структура, уредништво, изворите на финансирање во претходната година и недоставување снимка од објавата, необезбедување информации што треба да им се направат достапни за корисниците и за недозволено спонзорство на верски програми.

Агенцијата донела и три решенија за опомена против оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, заради реемитување програмски сервиси коишто не се регистрирани во Агенцијата согласно член 141 од ЗААВМУ.

За двајца издавачи на печатени медиуми, биле изречени мерки опомена, од кои, едната за необјавување на податоците за седиштето на издавачот на медиум, печатницата и датумот на печатење или препечатување, а втората за необјавување во дневен весник на податоци за сопственичката структура и недоставување на исечок од објавата до Агенцијата.

Како што информираше Трајчевски, по барање од заинтересирана страна за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво, е изработена студија која покажала дека нема оправданост за објавување конкурс, поради тоа што условите на пазарот не овозможуваат одржливост на постојните учесници на пазарот, со влез на нова телевизија.

Дел од јавната расправа беше посветен и на воведувањето 5 Г во Македонија, за што е ангажирана работна група за утврдување на потребните мерки и активности. Детално беа претставени моменталните инфраструктурни ресурси, важечките прописи, предлог мерките и роковите за нивно завршување.

Според утврдената динамика во 5G акцискиот план на Европската Унија, до 2020 година најмалку еден голем град во земјите-членки на Унијата треба да обезбедат 5G, додека до 2025 година да се обезбеди целосна покриеност на сите урбани населби, главни патишта и железници. Македонија кон крајот на 2017 година почна со подготовки за воведување на 5G и на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Македонија.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски