Бан Ки-мун: Се надевам набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

Од:

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји.

– Сметам дека е многу охрабрувачки фактот што и двете страни се согласија да го решат долгогодишното прашање за името. Во исто време, исто така, сум загрижен за фактот што постои некакво незадоволство кај граѓаните. Искрено се надевам дека прашањето за името можно е поскоро, дефинитивно ќе се реши, вели поранешниот секретар на ОН.

Бан Ки-мун додава дека прашањето за името било пречка за продлабочување на соработката на двете земји, но и ги „спречувало да ги прошират односите на соработка, не само со Европејците, туку и со другите земји, а се разбира и со Обединетите нации”.

– Навистина се надевам дека ќе го направат последниот чекор, додава Бан Ки-Мун во изјавата за АНА-МПА.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Бан Ки-мун: Разочаран сум од тоа што Путин му го направи на украинскиот народ, но и од молкот на многу земји

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска