Пердју: Северна Македонија ја одразува реалноста и историјата

Од:

Името Република Северна Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата во регионот, рече поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и Џејмс Пердју денеска на 98. Рос Рот семинар посветен на „Евроатланската интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен процес“.

– Воодушевен сум што ќе го употребам името на земјата што неодамно договорено од храбрите лидери на двете држави Република Северна Македонија. Ова име има одличен звук и ја претставува реалноста и историската важност на оваа земја, рече Пердју.

Според Пердју, грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев покажале голема политичка храброст за Договорот за името кој, како што посочи, ќе ја промени насоката на движење на македонската нација и целиот регион.

– Договорот којшто се постигна покажа едно одлучувачко лидерство во постигнување на договор за унапредување на соработката, но и развојот на односите меѓу двете земји, нешто што не беше можно претходно. Придобивките од договорот треба да се видат уште на следниот самит за две недели, рече поранешниот американски дипломат.

Тој ја поздрави и синоќешната одлука на министерскиот совет во Луксембург за почнувањето преговори на Македонија со ЕУ.

Пердју, кој беше претставен како еден од клучните говорници на семинарот, во своето обраќање ја ословуваше Република Македонија како Република Северна Македонија.

Прашан за позицијата на сегашната админстрација на САД во однос на приемот на Македонија во НАТО, Перјду рече дека ставот на Вашингтон за тоа е ист и конзистентен од 2008 година.

– Поддржуваме членство во НАТО и не гледам причина зошто таквиот стави би се сменил, истакна Џејмс Пердју.

Поранешниот американски дипломат зборуваше и за, како што рече, последиците од посветеноста на НАТО на мирот и стабилноста на Балканот од 1195 година до денес, како и за клучните предизвици со коишто денес се соочува НАТО.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски