Подобрување на условите и капацитетот на градинката „Калинка“ во Железара

Од:

Општина Гази Баба во соработка со приватни компании, ќе ги подобруваат условите во градинката „Калинка“ во населба Железара, која е клон од градинката „Детска радост”.

Како што информираат од општината, со заеднички средства, старите и дотраени врати и прозорци на објектот Калинка, ќе бидат заменети со нови. Покрај ова, согласно потребите ќе се обнови и внатрешниот дел на градинката, со цел да им се овозможат подобри услови за престој на децата.

– Следен проект на кој работиме е зголемување на капацитетот на оваа градинка. Односно, просторот кој сега го користат од Јавната установа Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на град Скопје за лица со попреченост, ќе биде предаден на градинката, со што ќе се зголеми капацитетот за 75 деца. Со овој простор, во градинката ќе обезбедиме и работа во втора смена, изјави градоначалникот Борис Георгиевски.

За потребите на децата со попреченост како што посочи Георгиевски, општина Гази Баба и Министерството за труд и социјална политика ќе изградат нов дневен центар за згрижување деца со попреченост, со површина од 170 квадратни метри во Автокоманда.

Во завршна фаза, рече, е и експропријацијата на просторот за изградба на градинка во населеното место Стајковци на улица 18 со површина од 2.000 квадратни метри.

– Откако ќе биде завршен овој процес, ќе прејдеме на изградба на градинката, која според планот е предвидена да започне во месец август. Ова е еден од капиталните проекти кои ги ветив и во мојата предизборна кампања и кој сакам што поскоро да отпочне со реализација, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба