Во судницата пуштени 30-ина „бомби“ за „Траекторија“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во периодот јануари 2013 година.

Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со неговите соработници и со амбасадорот на Македонија во Кина Оливер Шамбовски, но и со поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

За случајот треба да се слушнат вкупно 315 „бомби“.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски