Формиран задграничен комитет на Единствена Македонија во Швајцарија

Од:

Единствена Македонија испишува нова историја во дејствувањето на партијата со формирањето на Задгранични комитети во дијаспората. Викендов се формирани првите три Задгранични комитети во Швајцарија. За претседател на Задграничниот комитет на т.н. германски дел на Швајцарија е избран Живко Атанасов, за францускиот дел Војне Манески а за италијанскиот дел Николчо Ковачев. Во наредниот период продолжуваме со формирањето на Задгранични комитети и во други европски земји, Австралија, Канада и САД.

Пред нашинците во Швајцарија се обратија претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и членот на Извршниот комитет на партијата и претседател на МПЗ Тврдокорни Драган Угриновски.
Притоа претседателот Бачев рече: -„Да и помогнеме на Македонија, вклучете се, заедно да расчистиме со националните предавници купени и контролирани од странските газди и кои 27 години лажат, крадат и ја растураат државата. Да ги спречиме опасните закани спрема Републиката, прво, промена на името, и второ, федерализација. На крајот, сплотени и единствени ќе успееме. Македонија ниту ќе го смени името ниту ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а ќе ја оствариме јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија. Ова што го слушате од владините експерти и новинари дека се е готово дека името е сменето, заборавете го, тоа е една голема лага оти ништо не е готово. Имаше една приватна забава на Заев и Ципрас за некакво договор кој нема да влезе во правна сила а истиот е ништовен според меѓународното право, бидејќи прво, не е потпишан од овластени државни органи оти владата нема надлежност за такви договори, и второ, договорот има недозволен предмет оти за име не може да се преговата бидејќи името е прашање на внатрешната надлежност и околности, а не на меѓународното право. Единствена Македонија останува на првата линија во борбата за одбрана на националните интереси. Под закрилата на оваа идеа никогаш нема да ги изневериме Македонија и Македонците и како партија која е исконски поврзана со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Своето дејствување и понатаму ќе го темелиме на својата програма која е нашата политичка платформа и визија за развој на државата во чија основа е одбрана на името, унитарниот карактер на државата, неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата, благосостојба за народот, меѓутоа, ова ќе го оствариме само ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата од страна на марионетската власт во Скопје, меѓутоа, бидете спокојни, новите геополитички поместувања на Балканот се навестуваат, а новата легална власт на Единствена Македонија произлезена од народот, доаѓа, со што го обезбедуваме опстанокот и просперитетот на Татковината„ им порача на нашинците во Швајцарија лидерот Бачев.

Драган Угриновски истакна – „ Во мојот живот, како учесник во четири војни вклучително и Татковинската војна во 2001 година и како официр кој целиот работен век го помина во Армијата, сакам силно да ве убедам дека сплотени и здружени како Македонци и овојпат ќе успееме да ја одбраниме Татковината од сите обиди за рушење на Македонија и Македонците. Не им верувајте на наменските медиуми кои имаат за цел да го уплашат и обесхрабрат македонскиот народ, вклучително и дијаспората. Сакам да ви ја пренесам пораката од Татковината дека македонскиот народ овојпат е цврсто решен по секоја цена да ги одбрани националните и државните интереси. Ве увреувам дека Македонија ќе победи, верувајте се додека постои и последниот Македонец, ќе има кој да ја брани Македонија. Велат дека надежта последна умира, гледајте позитивно на состојбите, и позитивното ќе се случи. И колку да ни е тешко на сите, да не ја тргнуваме насмевката од нашите лица, бидејќи тоа најповеќе ја вади од контакт актуелната хунта во Македонија. Затоа, ве повикувам како македонски патриоти, Македонци што си ја сакате Македонија, да ни се придружите на браникот на државата и заедно со Единствена Македонија како единствена национална опција да ги одбраниме Македонија и Македонците, односно, Единствена Македонија – Цела Македонија„ истакна Угриновски.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска