Три полуголи активистки на украинската организација “Фемен” денеска протестираа во Давос, каде во тек е Светскиот економски форум.
И покрај ниските температури, членовите на “Фемен”, извикувајќи различни слогани, неуспешно се обидуваа да ја пробијат безбедносната ограда.
Набрзо припадниците на обезбедувањето ги однеле од местото.
Ова е втора година активистките на “Фемен” да демонстрираат во Давос, каде што политичарите и деловните луѓе одржуваат многу состаноци, пренесуваат агенциите.
Организацијата “Фемен” го привлече вниманието на јавноста во 2010 година со протестите во Русија, Украина, Ватикан и Лондон.