Заврши протестот пред Парламентот против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор

Од:

Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија.

Протестот беше организиран против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Учесниците на протестот повикаа за одбрана на уставното име на Македонија.

– Ќе се бориме со сите демократски средства за поништување на срамниот Договор. Излегуваме да го заштитиме името, идентитетот и државата Република Македонија, истакнаа организаторите на протестот.

Тие носеа транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и најавија кривична пријава за директорот на Бирото за јавна безбедност поради употреба на прекумерна полициска сила како и интерпелација за министерот за внатрешни работи.

– Бараме од пратениците да употребат институционални и вонинституционални мерки за отворање дебата за нерационалното решение што ни се наметнува. Ги повикуваме и граѓаните да спречат понатамошно кршење на Уставот и сме против двосмислено референдумско прашање за името, нагласија тие.

Апелираа и до медиумите да известуваат непристрасно од протестите.

Според објавеното на ФБ, Млади за Македонија се изјаснуваат за студенти од сите политички спектруми обединети под една цел – одбрана на името на татковината Македонија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски