При напад на ирачки воени авиони во источниот дел на Сирија загинаа 45 припадници на екстремистичката група Исламска држава, соопшти денеска Заедничката команда за воени операции во Багдад.
– Ирачки авиони Ф-16 извршија успешен напад врз состанок на лидерите на ИД во сирискиот регион Хаџин, при што се убиени 45 терористи и високи претставници, се наведува во соопштението.
Нападот е изведен вчера по наредба на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.
Ирачките авиони уништија и три куќи кои биле поврзани со тунел.