(ВИДЕО) Стоилковски: Ваков договор како Заев можеше секој да постигне

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговори на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Има две големи лаги што ги шири СДСМ.

Првата е дека подобро ќе се живее по решавањето на спорот за името. Тоа е нешто што не зависи од договорот за името, туку зависи од способноста на владата да направи подобри услови и да донесе подобар живот. Имавме една година и гледаме дека тие не можат подобро. Докажано е, истестирано. Тоа се вика нула отсто раст и зголемена сиромаштија. Нема да биде подобро ниту за една година од сега.

Втората лага е дека не се можело поинаку и дека морало вака. Одговорно ви тврдиме дека не мораше и не мора вакво лошо решение да се постигне и донесе. И можеше да се постигне подобро решение.

Инаку, тоа што останува наша стратешка определба е ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била прозападно ориентирана и мора да се знае дека членството е резултат на добар мерит – систем, а не резултат на она што може да се попушти и продаде. Од друга страна сега сите мора да живееме со последиците од договорот кој што го склучи Зоран Заев.

Во однос на достигнувањата во надворешната политика, не е никакво достигнување, туку голем пораз кога ќе се колнете како што тоа го правеше Зоран Заев дека нема да го менувате Уставот и потоа во преговорите не само што ќе прифатите смена на Уставот, туку и се друго. Ќе прифатите решение кое е за севкупна употреба и ќе го избрише името Македонија, ќе прифатите менување на македонскиот идентитет и негово широко толкување и изедначување со терминот државјанство, како и кога впрочем ќе ги прифатите сите грчки барања и ултиматуми, тогаш тоа не се вика договор туку се вика прифатен ултиматум и капитулација. На ваков начин како што направи договор Зоран Заев можеше да направи секој негов претходник, со целосно прифаќање на грчките позиции и барања, на целосна штета на државата Република Македонија.

Чинителот на оваа срамна капитулација има име и презиме. Тоа е современиот Константин Христов, Коте од Руља, тоа е Зоран Заев“, рече портпаролот Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ