Бразилскиот напаѓач и досегашен фудбалер на Интер е нов член на премиерлигашот Ливерпул, јавуваат медиумите во Англија. Трансферот на Бразилецот од Милано во Ливерпул е вреден 10 милиони фунти.
Во изминатите две и пол години Кутињо во Интер има одиграно 27 натпревари, а калчолигашот го стави на трансфер листата, откако не ги исполни очекувањата на управата и навивачите.
Кутињо има и еден настап за најдобрата бразилска репрезентација, а за Бразил У20 има одиграно седум средби на кои постигнал три погодоци. Бил член и на Бразил У17, селекција за која одиграл осум натпревари и постигнал три гола.