ТМРО: Македонија со помош на Израел да изгради нуклеарка

Од:
Македонија не смее да биде енергетски зависна, смета ТМРО, партијата на Ванчо Шехтански.

 

Затоа предлага  во Македонија во наредните години да се изгради  нуклеарна централа.

„Македонија со природните ресурси со кои располага не смее да си дозволи енергетска зависност од соседите, па затоа државата најитно и најсериозно треба да има проект и да размислува за изградба на сопствен реактор во наредните 20 години, за кој имаме идеални услови во Мариово, како поради ненаселеноста, местоположбата, така и поради богатите наоѓалишта на ураниум“, вели  Ванчо Шехтански, лидер на ТМРО.

Овој проект, според Шехтански, треба да се реализира со Израел. Затоа партијата и   предлага на Владата да ги искористи одличните односи со Израел и од оваа земја со слично опкружување на соседи како и Македонија, со државност заснована на сопствена одбрана, храна и енергија, да побара помош за реализација на проектот .

Би можело да ве интересира

Захарова: Меѓународните организации да реагираат за да нема катастрофа од големи размери во Европа

A1on

Русија најави брза реакција во случај на украински напад на нуклеарната централа Курск

A1on

Украина: Сите нуклеарни централи под украинска контрола се во функција

А1он

Иран гради нов нуклеарен истражувачки реактор

Работници од окупираната нуклеарна централа за Би-Би-Си: Русите нè имаат на нишан, тука изградија база

Гроси: Најголемата нуклеарна централа во Украина е целосно надвор од контрола

А1он