Работници од окупираната нуклеарна централа за Би-Би-Си: Русите нè имаат на нишан, тука изградија база

Од:

Работници во окупираната нуклеарна централа Запорожје за Би-Би-Си изјавиле дека се држени под закана од оружје од страна на руските војници и дека во исто време ја користат нуклеарната централа како воена база.

Русија е обвинета дека ја користела нуклеарната централа како штит додека од неа истрелала проектили на блиските локации, пишуваат медиумите во регионот.

Двајца работници за Би-Би-Си изјавиле дека секојдневно добиваат закани за киднапирање и дека стравуваат од радиоактивна контаминација на поширокиот регион и од нуклеарна катастрофа.

Никопоље, град под украинска контрола, е одделен од нуклеарната централа со околу 15 километри од реката Днепар. Градот доживеа силно гранатирање во изминатите неколку недели, а во една ноќ беа регистрирани и до 120 ракети, стои во новинарските написи.

Надзорот на ОН кажал дека постои реален ризик од нуклеарна катастрофа доколку борбите не престанат и ако на инспекторите не им биде дозволен пристап до нуклеарните централи.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат. Ситуацијата не е најјасна, но ризиците се очигледни, пренесуваат агенциите.

„Мојот работен ден е постојан стрес“, изјавила Свитлана, која зборувала за Би-Би-Си.

Друг жител на Енерходар рекол дека цените во продавниците и аптеките сега се четири пати повисоки отколку на територијата што сè уште ја контролира Украина и дека има недостиг од лекари. Повеќето од банкоматите не работат.

Би можело да ве интересира

ISW: Украинската контраофанзива предизвикува загриженост во рускиот информативен простор

ЕУ дава две милијарди евра за брзо вооружување на Украина

Горан Наумовски

Украина поканета на самитот на НАТО

Ана Ололовска

Медведев: Украина ќе ја преименуваме во Schweinisch Bandera-Reich

Ана Ололовска

Бахмут пред паѓање, Украина размислува да ја повлече војската

Русија го објави условот за продолжување на единствениот договор со Украина од почетокот на војната

Ана Ололовска