Еколозите бараат целосен мораториум на инфраструктурни зафати на охридското крајбрежје

Од:

Активистите на Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ по повод Денот на Охридското Езеро 21 јуни денеска до пратениците во Собранието повторно испратија отворено писмо во кое се бара доследна примена на мораториумот за инфраструктурни проекти на крајбрежјето.

Здружението „Фронт 21/42“ минатата година до пратениците и надлежните институции испратија такво барање, парафирано со потписи на повеќе од осум илјади граѓани за целосна забрана на инфраструктурни проекти во единственото Светско природно и културно наследство во Македонија и доследно спроведување на Законот за управување со Охридскиот регион.

„Денеска една година Ви се обраќаме повторно – со истото барање и уште поголема загриженост. Тоа што најмногу не загрижува е евидентното избегнување на клучната мерка за спас на единственото УНЕСКО подрачје во нашата земја – итното стопирање на деструкцијата на исклучителните универзални вредности, односно спроведување на приоритетната препорака бр. 6 на Реактивната мониторинг мисија: прогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации, барем додека не се завршат и спроведат сите релевантни документи“, се наведува во писмото.

Активистите на „Фронт 21/42“ укажуваат дека спроведувањето на мерката ја налага националното законодавство, оти за истата не се потребни никакви финансиски средства, човечки ресурси, време, туку единствено политичка волја.

Истовремено тие посочуваат дека изминатата година од последната Одлука на Комитетот за светско наследство до денес единствено конкретно е делувано само со Одлуката за прекин на постапката за менување на Планот за управување на Националниот парк „Галичица“. За останатото како формирањето работна група за измени и дополнувања на Законот за управување со Охридскиот Регион, Одлуката за спроведување на Стратешка оцена за влијанието врз животната средина на Планот за управување со заштитеното подрачје, тие сметаат дека попусто ќе бидат потрошени финансии и изгубено драгоцено време доколку истите не бидат проследени со доследна конечна одлука за прогласување целосен мораториум.

„Во февруари 2018 Владата усвои информации кои јасно покажуваат планови за продолжување на дел од постоечките проекти како и за нови крајбрежни трансформации; – Во јуни 2018, на Италијанско – македонскиот бизнис форум, Премиерот покани италијански компании да инвестираат во постоечкиот проект за Коридор VIII, за кој Мисијата има дури три Препораки со кои се бараат суштински измени на трасите; – Во јуни 2018 Министерството за транспорт и врски објави Нацрт Стратегија за транспорт за период 2018 – 2030, во која не се инкорпорирани гореспоменатите Препораки 1, 2 и 3 за Коридорот VIII; – Општините Струга и Охрид и понатаму дозволуваат градежни зафати, како трансформации на струшкото крајбрежје, хотелот во Лагадин, итн“, се наведува во писмото.

Истовремено еколозите се повикуваат на изјавата на претставникот на регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција Синиша Шешум, кој недвосмислено истакна дека доколку не се спроведе препораката останува опасноста Охрид да се најде на Листата на светски наследства во опасност.

Оттаму активистите на „Фронт 21/42“ во писмото до претседателот на Собранието, пратениците во неформалната група „Пријатели на УНЕСКО“ и собраниската Комисија за култура апелираат и бараат суштински заклучоци од надзорната расправа за Законот за управување со Охридскиот регион и спроведување на препораките од УНЕСКО, односно заклучоци кои недвосмислено ќе им наложат на сите засегнати институции итно спроведување на сите препораки, започнувајќи од приоритетните – мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации и справување со илегалните градби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена