Бошњаковски за грчка ТВ: Грција и Македонија го прифаќаат терминот „Македонец“ и за двете земји

Од:

Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бошњаковски објаснува дека според членот 7 од договорот, двете страни се согласни што значи терминот „Македонец за Грција и за нас, но и дека во нашите пасоши се одредува државјанството кое ќе биде заведено како „Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia“.

– Перспективата дека во Грција постојат луѓе кои се чувствуваат како Македонци припаѓаат на еленската култура е 100 отсто прифатлив за нас. Во истиот член, грчката страна прифаќа дека постои момент кога термините „Македонец“ и „Македонија“ се прифатени за нашата култура, што е целосно различна од вашата култура. Ова е основата на договорот и јас не гледам никакви точки на конфликт, објаснува владиниот портпарол за грчката телевизија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски