Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат потпишани првите договори од ИПАРД 2 Програмата.
Договори ќе потпишат 13 земјоделци.
Претходно, на прес-конференција, министерот Љупчо Николовски, раководителката на Секторот за оперативни работи на Делегацијата на ЕУ Вирве Вампари и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски ќе се осврнат на првите договори, новините и новите повици од ИПАРД 2.