Пристигнале 198 апликации за мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 програмата

Од:

Заврши рокот за аплицирање за финансиска поддршка од ИПАРД 2 програмата за мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. До денеска, до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пристигнати се вкупно 198 апликации со вкупна побарана сума од 25,7 милиони евра.

Од Агенцијата очекуваат да пристигнат уште пријави, односно треба да пристигнат и оние кои се пратени по пошта.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека интересот за реализација на проекти и на овој повик е голем.

– Тоа е добар показател дека домашните претпријатија имаат идеја како да ги модернизираат постојните и да отвораат нови погони кои позитивно ќе се одразат на домашната економија и на невработеноста, истакна тој.

Најмногу интерес за реализација на проекти има за секторот алтернативно производство, односно поднесени се 92 апликации, 41 апликација има пристигнато за инвестиции во секторот не-прехранбени производи. За секторот рурален туризам пристигнати се 37 барања.

– За проекти и инвестиции во производство на прехранбени производи и пијалоци има пристигнати 19 апликации, четири барања има пристигнати за инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството, три апликации има пристигнато за реализација на проекти за инвестиции во услуги за рурално население, и две апликации има пристигнати за реализација на проекти, односно инвестиции во занаетчиски дејности, додава Бачовски.

Преку мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1500 до еден милион евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност. Повратот на инвестициите е во висина до 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци.

Средствата од ИПАРД 2 програмата им помагаат на физичките и правните лица да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност

Би можело да ве интересира

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Младите земјоделци во фокусот, над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Димковски: На почеток на жетвата, нови мерки и поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз

Колева: Рекордна искористеност на ИПАРД Програмата, нови 97 милиони евра преку ИПАРД 3