(ВИДЕО) Тунтев: Договорот го гарантира идентитетот, ВМРО-ДПМНЕ да сврти нова страна

Од:

Договорот со Грција ги гарантира идентитетот, безбедноста и стабилноста, изјави Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на прес-конференција во Собранието.

„Договорот за кој треба да се изјасниме е висок патриотски чин. Овој договор го гарантира идентитетот. Премногу долго бевме во изолација без посперитет и иднина за нашите деца. Ова се нови просперитетни времиња. Нашата придобивка од договоорт е бесцента бидејќи тој ги гарантира безбеднота и стабилноста. Потпишувањето е само првиот чекор. Потоа следува ратификација која ќе обезбеди покана за члентво во НАТО и датум за почеток на прегооворите со ЕУ. Обезебедуваме можност за граѓаните на референдум да одлучат за иднината на државата, тоа го заслужува овој народ“, рече Тунтев.

Во врска со бојкотот во Собранието што го најави ВМРО-ДПМНЕ за договорот, Тунтев рече дека опозициската партија треба прво да расчисти со криминалот во своите редови и да учествува во процесот за македонска евроспка иднина. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да сврти нова сраница.

„Опозицијата ја злопутреби говорницДата за да пласира невистини и манипулации. Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати по конултациите“, рече Тунтев и додаде дека ратификација на договори со европко знаме имало и претходно со други држави, меѓу кои ги наведе Босна и Херцеговина и Германија.

Тунтев го искоментира и отпорот од страна на претседателот Ѓорге Иванов, истакнувајќи дека се надева оти Иванов ќе го почитува Уставот.

Во однос на пратеникот Ферид Мухиќ од нивните редови, кој гласал денеска против скратена постапка, а потоа за дневниот ред гласал „за“, Тунтев верува дека се работи за грешка.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он