Европската комисија одобри 68 милиони евра хуманитарна помош за ранливите заедници во Судан и во Јужен Судан. Сфредствата се наменети за милионите бегалци кои преминуваат во Судан поради конфликтот во Јужен Судан, јави дописничката на МИА од Брисел.
– ЕУ ја зголемува поддршката затоа што многу луѓе во Судан и во Јужен Судан се соочуваат со масовни хуманитарни потреби. Нашата помош ќе обезбеди храна, здравствена грижа и ќе им овозможни на нашите партнери да продолжат да спасуваат животи на терен, изјави Христос Стилијанидес, еврокомесарот за хуманитарна помош.
За внатрешно раселените лица во Јужен Судан наменети се 45 милиони евра, а 23 милиони се за бегалците во Судан.
Околу 70 проценти од населението во Јужен Судан се жртви на екстремно насилство и имаат потреба од хуманитарна помош. Во Судан има приближно еден милион бегалци, повеќето од соседен Јужен Судан.
Од 2011 ЕУ има обезбено 450 милиони евра помош за Судан и 412 милиони за Јужен Судан.