Демонстрантите од пред Собранието на Република Македонија се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што ќе побараат нивна делегација да се сретне со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Демонстрантите извикуваат „Иванов“ и „Македонија“ пред канцеларијата на претседателот, па продолжија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие повторно денеска излегоа на протест поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името.
Виктор Јованов