Фондот ќе го плати лекувањето на малата Нина

Од:

Фондот за здравствено осигурување одлучи да ги покрие трошоците за лекување на малата Нина на која во Германија и беше извршена хируршка интервенција. На Нина во Дизелдорф ѝ беше дијагностицирано ретко генетско невродегенеративно заболување со што завршила како итен случај на тамошната детската клиника. Болничките трошоци во Германија, каде се лекувала, биле пресметани на околу 50 илјади евра.

Фондот на семејството на Нина ќе му издаде двојазичен образец кој е неопходен за да се регулираат трошоците кон германскиот фонд за извршените интервенции според принципот на договорот за реципрочно лекување меѓу двете држави, објавува „Утрински весник“.

– Ни го одобрија двојазичниот образец со одредени исклучоци за кои се надеваме дека нема да ни направат проблеми во натамошната постапка – со солзи во очите велат родителите на малото девојче за „Утрински весник“.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!