Во Скопје денеска почнува тридневната Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што ја организира ФАО со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целта на работилницата е идентификување на најдобрите регионални практики и развивање заеднички пристап кон легислативата за консолидација на земјиштето во земјите од Западен Балкан.
Пред присутните ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, експертот од ФАО за управување со земјиште Мортен Хартвигсен, како и Рик Ваутерс од Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), Работна група за земјишна администрација.