ХК: Демонстрантите извршија насилни дејствија, а полицијата прекумерно употреби хемиски средства

Од:

Граѓаните кои беа дел од вчерашниот протест пред Собранието на РМ извршија насилни дејствија насочени кон полициските службеници, а полицијата, пак, прекумерно употреби хемиски средства кон демонстрантите, оцени денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, кој најостро ги осудува синоќешните инциденти.

Од Хелсиншкиот комитет го осудуваат говорот на омраза и повикувањето на насилство и ги повикуваат органите на прогонот да спроведат темелна и ефективна истрага за сторените казниви дела. Во однос на прекумерната употреба на хемиски средства потсетуваат дека согласно Законот за полиција, употребата на средства за присилба мора да биде соодветна и пропорционална, а според нив, во дадената ситуација се доведува во прашање, особено што помеѓу граѓаните кои протестираа беа присутни повозрасни лица и деца.

– Во врска со овие настани кои се случија за време на синоќешниот протест, Хелсиншкиот комитет писмено ќе се обрати до Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за внатрешна контрола, со цел утврдување на неопходноста и пропорционалноста на преземените полициски дејствија. Со оглед на соопштението на Министерството дека 25 лица се приведени во врска со синоќешните настани, ќе поведеме дополнителна постапка за утврдување на почитувањето на правата на приведените лица во текот на целата постапка, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

Тие ги повикуваат граѓаните да го изразуваат своето право на протест на ненасилен начин, да ја зачуваат присебноста и да се воздржат од провоцирање и предизвикување на насилни инциденти, за да не се загрози безбедноста на сите граѓани во државава, а граѓаните кои сметаат дека нивните права биле прекршени, да го пријават случајот во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција