Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Од:

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд.

На судско рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство.

Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од Скопје, тој му се заканувал на премиерот Заев. Судијката Оља Ристова го осуди на казна затвор од година и 3 месеци.

Вториот обвинет доби алтернативна мерка – условна казна затвор од 2 години, ако во следните 5 години не стори ново кривично дело. Тој му се заканувал на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Пресудата не е правосилна, па осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

За крвавиот четврток, беа досудени 9 условни казни, а двајца обвинети за насилство признаа вина и добија затворски казни.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски