„Извршниот комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе одлука да го подржи вечерашниот собир пред Собранието на Република Македонија во организација на навивачките групи, македонските патриотски здруженија и сите искрено загрижени Македонци и Македонки.
Во оовј историски момент кога ги гледаме тажните слики на Татковината, болно ги доживуваме и не можеме да се помириме, ние сме убедени дека самоорганизираниот народ како „Комитите“, навивачките групи, МПЗ „Тврдокорни“ македонските патриотски здруженија и сите искрено загрижени Македонци и Македонки, заеднички и сплотено ќе ги одбраниме највисоките национални и државни интереси.
Единствена Македонија очекува масовноста на собирот кој дава шанса на сите со чинот на излегувањето да покажат дека не се согалсуваат со марионетската власт во Скопје која е купена и платена од странски центар за уништување на се што е македонско“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.