Ќе се ископуваат скапоцени метали од астероиди

Од:

Deep Space Industries наскоро ќе може да слета на некој од астероидите кои се движат покрај Земјата, од каде би ископувала скапоцени метали.

Американската компанија ги објави своите планови за лансирање вселенско летало кое би ја истражувала структурата на астероидите околу Земјата, за понатаму да може да вршат ископувања на скапоцени метали како платина, но и железо и никел.

Deep Space Industries планира до 2015 година да испрати во вселената нискобуџетни вселенски летала, кои во период од два до шест месеци би ја испитувале структурата на астероидите, од кои подоцна може да се ископуваат метали.

Претседателот на компанијата, Рик Тамлинсон, на презентацијата на плановите рече дека големи ресурси се „заклучени” во астероидит, кои би можеле да помогнат во развојот на цивилизацијата на Земјата и нејзиното проширување во вселената и во бесконечноста, пренесе The Guardian.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Русија: Имаме „абнормална ситуација“ на леталото во орбитата на Месечината

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска