Иванов оствари средба со претседателката на бугарското Собрание, Карајанчева

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов и претседателката на бугарското Собрание Цвета Карајанчева на денешната средба во Софија разменија информации за процесот на имплементација на Договорот за добрососедство и беше поздравена динамиката на соработка и преземените и иницијативи и активности од страна на двете држави.

Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и дополнително ќе ја унапредат билатералната соработка.

На средбите беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји и за европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ и Самитот на НАТО.

Претседателот Иванов го поздрави успешното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ, истакнувајќи дека Република Македонија високо ја цени поддршката од Бугарија за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, додавајќи дека политиката на проширување на ЕУ, останува најефикасниот инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан.

Иванов ја реафирмираше определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи и се заблагодари за поддршката од Бугарија во овој исклучително важен период за нашата земја.

Би можело да ве интересира

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он

Брод за транспорт на гас потона во Црно Море, во тек е потрага по преживеани – седум бродови потонаа за шест недели

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци