Во Куманово одбележан Светскиот ден на крводарителството

Од:

Кумановскиот Црвен крст денеска со свечена седница и доделување благодарници за најуспешните крводарители го одбележа Светскиот ден на крводарителство – 14 Јуни.

На свеченоста во кумановскиот Центар за култура, надлежните од организацијата поделија благодарници на повеќекратните крводарители. Годинава, беа доделени благодарници и плакети на крводарител кој дарувал 75 пати крв и на пет крводаротели кои дарувале крв по 50 пати, како и на крводарители кои дарувале 5, 10, 15, и 25 пати.

– Генерално сум задоволен од бројот на крводарувања во Куманово кој се движи до 3.000 крвни единици на годишно ниво, иако бројот може да биде и поголем со оглед на фактот дека сме најголема општина, изјави претседателот на општинската организација на Црвениот крст, доктор Нухи Јусуфи.

Најголем процент од крводарителите во Куманово се на возраст од 25 до 40 години, а добар одѕив има и кај средношколците и студентите, особено во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ каде на секоја акција се собираат над 100 крвни единици.

На годишно ниво во Куманово се организираат 40-тина крводарителски акции.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе