А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Иванов и од Софија порача дека не го прифаќа договорот со Грција

by А1он14/06/2018 - 14:0614/06/2018 - 14:36126
Share0

Секој претседател е под заклетва која ја дава, кога го прима својот мандат и се колне на Уставот. Сум се заколнал и сум дал свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот на Република Македонија. Не можам да прифатам акт кој е спротивен на Уставот и законите на Република Македонија и кој е спротивен на консензусот изграден од државниот врв, порача претседателот Ѓорге Иванов од Софија на заедничката прес-конференција со бугарскиот колега Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање.

Следете a1on на Instagram Instagram

Македонскиот претседател кој престојува во официјална посета на Република Бугарија, истакна дека договорот со Република Грција е личен акт и лична одлука на премиерот кој не ги земал предвид сите последици од таков штетен договор.

– Затоа вчера во мојата изјава кажав дека ова е личен акт и лична одлука на еден премиер кој не ги земал предвид сите последици од таков штетен договор, кој не затвора туку отвара многу прашања и создава голема неизвесност и несигурност и за Македонија и за регинот, рече македонскиот претседател.

Во однос на вчерашната средба со премиерот Заев и министерот Димитров, претседателот Иванов потенцираше дека на таа средба за прв пат му бил донесен документот за кој во изминатиот период ниту бил запознаен, ниту вклучен.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Кога го добив документот, јас немав што да разговарам на таа средба и затоа средбата кратко траеше. Јас не сум бил вклучен во донесувањето на тој документ и зошто да бидам јас тој кој ќе го легализира документот. Како го создале и го донеле без мое учество така и нека си го завршат без мое учество. Тоа е принципиелен став затоа што согласно Уставот и законите на Република Македонија, Претседателот на Републиката е надлежен за склучување на меѓународни договори. Претседателот бил исклучен од целиот процес и изготвување на таков документ, зашто сега да легализира туѓа активност и постапка за која е прекршено она што е создадено како еден вид на консензус на државниот врв, а тоа е нема промена на Уставот и нема прифаќање на ерга омнес. Таа е нивна одлука и нивна е одговорноста, рече Иванов.

На прес-конференцијата Иванов нагласи дека се знае кој е тој кој сиве овие години ја попречува и влијае на стабилноста на регионот и на Македонија.

– Не прифаќам квалификација дека јас сум ја попречувал стабилност на регионот. Се знае кој е тој што сиве овие години ја доведува состојбата во Македонија да биде ваква. Се знае кој ја блокира Македонија и влијае на нејзината иднина. Се знае кој го попречува правото на просперитет на еден народ, рече Иванов, додавајќи дека е недозволиво во остварувањето на стратешките цели и определби членството во ЕУ и во НАТО да бидат алиби за штетни и за поразителни договори кои ќе ги склучува Република Македонија.

imetoivanov

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски15/12/2023 - 16:4415/12/2023 - 16:44

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ10/10/2023 - 11:4710/10/2023 - 14:31

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска18/12/2020 - 13:36

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска18/12/2020 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто