ЕК предлага поголем буџет за проширувањето на ЕУ од 2021

Од:

Европската Комисија денеска предложи да се зголеми буџетот за процесот на проширување на ЕУ.

Предлогот е дел од сѐвкупниот план на Комисија да се зголоми буџетот на Унијата за надворешни работи, вклучително и аспекти како хуманитарната помош.

Претпристапниот инструмент, со новиот буџет, би се зголемил за 13 отсто, на 14, 5 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027.

Разликата со претходниот инструмент е што новиот би бил фокусиран на фундаментални приоритети на Унијата како владеењето на правото, јавната администрација и економските реформи. До сега инструментот се дефинираше по земји, а не по приоритети.

Новот пристап, смета ЕК, ќе овозможи подобра мониторинг врз реформите во земјите кандидатки.

-Зголемениот и реформиран буџет ќе ни овозможи да продолжиме да работиме со оние земји кои се одлучени да се придружат кон ЕУ, изјави Јоханес Хан.

Предлог-буџетот на ЕК треба допрва да биде прифатен од Парламентот на ЕУ и земјите членки.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел