ВМРО-ДПМНЕ: Заев дури и кога се колне во сопствените деца, дрско лаже!

Од:

„Заев ги продаде највисоките национални интереси

Грчката јавност вчера го виде договорот кој што го прифати Зоран Заев. Очекувано, бидејќи властите на соседна Република Грција сакаа да се пофалат со триумфот и одбраната на сопствените национални интереси.

Истиот договор беше сокриен од граѓаните на Република Македонија. Зоран Заев го криеше обидувајќи се да купи уште еден ден за медиумите и новинарите под негова контрола да ја убедуваат јавноста дека поразот е победа.

Договорот на Зоран Заев за промена на уставното име на Република Македонија претставува капитулација за Македонија.

Зоран Заев и СДСМ немаат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се противи на договор кој е штетен и спротивен на македонските интереси.

Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија.

Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и предци дека нема да прифати промена на уставното име. Сега од позиција на власт Зоран Заев без срам го промени неговиот став и прави непроценлива и неповратна штета.

Зоран Заев дури и кога се колне во сопствените деца, дрско лаже!

Со овој капитулантски договор најмногу губат граѓаните и идните генерации. Овој договор е навреда и понижување за сите граѓани на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име и ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства против овој капитулантски договор.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која работела, работи и ќе продолжи да работи за интересите на граѓаните на оваа држава.

ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на зачувување на националните интереси на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ останува со Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он